Tuesday, August 26, 2008

И…ЕТЕ МЕ ПОВТОРНО !!!

После бурното(со трансфери) и жешко лето кое претставуваше еден вид рехабилитација на турбулентната сезона на Барса ете ме повторно во блогосферата каде преку мали постови ќе го резимирам секој натпревар од Ла Лига,ЛШ и другите натпреварувања во кои разбирливо учествува Барса. Не дека освен Барса не ги следам другите домашни првенства низ Европа и низ светот туку натпреварите и случувањата во и околу Барса и низ цела Шпанија ќе ми бидат предметот на постирање и дискутирње всушност.

Изминатите летни денови последователно подредени би изгледале вака (иако не сум баш сигурен во хронологијата) :


- Европско Првенство каде Шпанија предводена од супериорниот Чави како и Пујол и Иниеста се вивна на тронот и стана Европски Шампион...
- Лапорта за малку спаси глава,а менаџментот претрпе драстични промени !!!
- Рајкард после две неуспешни сезони го препушти жешкото столче на Пеп Гвардиола од кого не се очекуваше голема супериорност во играта на резултатски план а напротив тоа го добивме од него,а мене пријатно ме изненади...
- Роналдињо,Деко,Замброта,Турам,Едмилсон,Дос Сантос,Ескуеро,Кросас и Олегер го напуштија таборот на Барса и ослободија место за новите засилувања Кеита,Алвес,Хлеб,Пике,Касерес и Енрике кој е позајмен во Леверкузен каде треба да се стекне со потребното искуство,но и место за проверената Академија на Барса која во предсезонскиот дел ги промовираше новите надежи на Блауграна (Педро,Васкез,Корколес,Хефрен,Баскетс и др) ...
- Лео замина на Олимпијада каде впрочем воодушеви со неговите настапи и погодоции стигна до златото разбирливо,исто така ја доби и повеќе од заслужената Десетка на дресот која многу ветува...
- и..... она во кое до вчера се воодушевувавме – Олимпијадата во Пекинг,Кина и новите светски рекорди во сите конкуренции.

No comments: